| четврток, 6 декември 2018 |

Светот полуде по напивката што го топи салото

Познатата холивудска нутриционистка Кимберли Снајдер советувала многу познати актери за тајните на здравата исхрана, а неодамна објавила книга со 85 рецепти за убавина. Една од најважните работи кои Кимберли им ги советува на своите клиенти е консумирање на зелено смути кое не само што дава мотивација за губење на килограми, туку ја подмладува кожата, го забавува стареењето и ја зголемува енергијата.

Состојки:

1,5 шолја вода
1 главица зелена салата
3-4 стапчиња целер
1 рака спанаќ
1 јаболко
1 круша
1 банана
сок од пола лимон

Подготовка:

Измијте ги добро сите состојки, исечкајте и измиксајте во блендер.

Овој хранлив напиток е идеален како појадок за сите кои живеат брзо, а сакаат моќна утринска инјекција на здравје, убавина и енергија. Напитокот ги топи масните наслаги и помага да ја доведете својата линија во ред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top