| четврток, 6 декември 2018 |

Диета утринска банана: Лесна за држење, за една недела топи цели 5 килограми

Бананите се богати со скроб и имаат низок гликемиски индекс, па оставаат чувство на ситост подолго време. Оваа диета со банани е многу едноставна, лесна за приржување до режимот за исхрана и го поттикува слабеењето бидејќи бананите го стимулираат варењето и го забрзуваат метаболизмот.

Појадокот треба да биде само една банана и чаша топла вода. За ручек јадете нешто по ваш избор, без многу леб и по можност варено месо 2-3 пати во неделата со голема свежа салата. За вечера треба да се консумира оброк кој се базира претежно на овошје со максимум две банани.

Луѓето кои сакаат да ја пробаат оваа диета треба да избегнуваат вечера по 20 часот и слатки во текот на целиот ден.

Од намирници не смеат да се конзумираат само млечни производи и алкохол, а бананите мора да бидат исклучиво свежи, не замрзнати, печени или подготвени на кој било друг начин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top