Пријавени се шест случаи на исчезнати лица, по кои полицијата презема мерки за нивно пронаоѓање, а станува збор за повозрасни како и малолетни лица.
На 08.07.2016 година во 10,45 часот во СВР-Велес, Д.С.(1970) од Велес, пријавил дека на 07.07.2016 година откако ја подигнал својата пензија од банка во Велес, од дома во непознат правец се оддалечил неговиот татко Д.К.(1935).
На 08.07.2016 година во 18,30 часот во ПС-Кисела Вода, М.А.(1988) од Скопје пријавил дека истиот ден од 08,00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата сопруга М.Т.(1990).
На 08.07.2016 година во 13,30 часот во ПС-Гази Баба, Ц.М.(1966) од нас.Илинден-Скопје, пријавил дека на 07.07.2016 година околу 09,00 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син Ц.С.(1997).
На 08.07.2016 година во 17,00 часот во ПС-Тетово, Д.Д.(1973) од с.Теново-Тетово, пријавил дека истиот ден околу 10,30 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка Р.Д.(1997).
На 08.07.2016 година во 02,00 часот во ПС-Гази Баба, Ш.Д.(1970) од с.Идризово, пријавил дека на 07.07.2016 година околу 23,00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата 16 годишна ќерка.
На 08.07.2016 година во 02,00 часот во ПС-Бит Пазар, Ш.Д.(1969) од Скопје, пријавила дека од дома во непознат правец се оддалечила 16 годишна девојка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.