| четврток, 6 декември 2018 |

Од олимпискиот комитет на Јамајка се смилуваа, Болт ќе патува за Рио

bolt

Усеин Болт дефинитивно ќе настапи на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро откако беше вклучен на официјалната листа на патници од страна на Атлетската Федерација на Јамајка и покрај повредата заработена за време на националните квалификации за ОИ.

Само за потсетување, Болт се повреди за време на полуфиналната трка на 100 метри и го пропушти финалето. Најбрзиот човек на денешницата се соочи со сериозна опасност да не добие олимписка виза доколку не настапи на трката во Лондон на 22 јули, но челниците на атлетиката во Јамајка решија да направат исклучок од вообичаените правила, па го пријавија Болт за Рио.

„Олимпискиот одбор на Јамајка инсистираше Болт да биде вклучен во листата на учесници. Тој ја имаше целокупната медицинска документација што ја потврди повредата, па беше вклучен во листата на патници за Рио“ – потврдија од Атлетската Федерација на Јамајка.

Интересно, вакво нешто не би било возможно во САД, каде правилата се децидни – пласман на ОИ обезбедуваат само тројцата најдобри атлетичари во секоја дисциплина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top