Српската фолк пејачка Маја Маријана синоќа била брутално претепана од нејзиниот невенчан сопруг Младен Шмакиќ, објавува српскиот весник „Блиц“.
Видно потресена, во солзи и со модринки по лицето таа се јавила во Брза помош која ја пренела во Ургентниот центар во Белград.
– Веднаш рече дека мажот ја тепал. Изгледаше страшно, лицето и беше изобличено – вели извор од Ургентниот центар за „Блиц“.
По прегледот од неврохирург и снимање на главата утврдено е дека на пејачката и се нагмечени јагодичната коска и черепот, по што била префрлена на максилофацијална хирургија.
Таа денес наутро е пуштена од болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



