Ова на 29-годишната жена од Ерџелија и дало можност да стане човек од доверба на Кинезите, па тие често ја оставале вратата од балконот што го делеле со цимерката незаклучена. Токму низ неа, таа влегла во нивната соба и детално ги проверила фиоките, но и џебовите од панталоните на „гастарбајтерите“ од Кина.
Нашла неколку паричници и вкупно 22.600 денари во нив и сите си ги зела за себе. Кинезите, случајот го пријавиле во полиција, а истрагата како одговорна ја посочила цимерката, поради што на неа и е поднесена кривична пријава за кражба. Освен без пријатели од Кина, младата жена сега ќе остане и без соба во куќата, зашто освен себе, пред Кинезите го извалкала и образот на газдите, пренесува ТВ „Стар“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.