| четврток, 6 декември 2018 |

Денес е петок – Ни случајно немојте да ги правите овие работи

ceslanje

Петокот е денот од неделата со кој се поврзани најмногу верувања и суеверија, а многумина го сметаат и за баксузен.

Во петок се вели дека никако не треба да се чешлате, затоа што се верува дека од тоа ќе ве боли глава и косата побргу ќе ви побели. Често можат да се слушнат изјави на домаќинките дека во петок не перат алишта, не чистат со правосмукалка, ниут пак работата други работи по дома. Некои велат дека во петок не треба луѓето да се бањаат и да сечат нокти.

Се верува дека во петок сите работи треба да завршат, а не да се започнуваат нови. Дел од овие верувања можат да се поврзат со христијанската вера, затоа што во петок се пости, но и се тагува за распнатиот Исус.

Постои уште една работа која не треба да ја правите во петок ако сакате да имате пари. Се смета дека во петок не треба никому да позајмувате, ниту да враќате пари. Во некои домаќинснства пак важи правилото дека на овој последен ден од работната недела ништо не треба да излезе од куќата, а поготово тоа важи за прехрамбени намирници. Во петок нашите претци не оделе на лојзе и избегнувале да патуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top