Пет куќи изгореа во пожар што денеска напладне избувна во центарот на Струга позади хотел „Београд“. Пожарот е локализиран, но се уште екипи се на теренот, а местото е обезбедено. Во гаснењето учествуваше цела екипа на Територијалната пожарна единица во Струга екипи од Охрид, Јавното комунално претпријатие „Проаква“ од Струга и граѓани. Гаснењето на пожарот одеше отежнато поради тесните улички, избиената архитектура.
Според командирот на Противпожарната единица во Струга, Минир Мамуди три куќи изгорени се целосно три куќи, а две се опожарени.
– Целосно изгореа три стари куќи во кои никој не живее, а две се опожарени. За среќа нема повредени, изјави Мамуди.
Граѓани очевидци изјавуваат дека се запалила некоја од старите куќи, па пожарот се проширил на уште три -четири други. Посочуваат дека проблем во гаснењето е ограничениот пристап затоа што многу несовесни граѓани ги паркираат своите автомобили и противпожарните возила не можат да интервенираат.
Во локализирање на пожарот помага и локалното население и Комуналното претпријатие „Проаква“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.