| четврток, 6 декември 2018 |

Марк Клатенбург по финалето во ЛШ ќе го суди и финалето на ЕП

mark klatenburg

Европската куќа на фудбалот, УЕФА го одбра англискиот судија Марк Клатенбург за главен судија на финалето на 15. Европско првенство во фудбал помеѓу Португалија и Франција в недела од 21.00 часот на „Стад де Франс“.

Пјерлуиџи Колина го делегираше Англичанецот вторпат за голема приредба во неполни два месеци, откако му ја даде довербата за финалето на Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид на 28 мај во Милано. Оваа година Клатенбург го водеше и финалето на ФА Купот меѓу Манчестер Јунајтед и Кристал Палас.

Британецот ќе биде вториот судија по Португалецот Педро Проенса, кој во иста година ќе ги води двете најголеми европски финалиња. На Проенса му беа доверени финалињата меѓу Шпанија и Италија и Баерн и Челзи во 2012 година.

Симон Бек и Џек Колинс, исто така од Англија ќе му помагаат на Клатенбург во финалето. Ова е четврт меч за споменатата судиска тројка на првенството, откако добро си ја завршија работата на мечевите: Белгија – Италија, Чешка – Хрватска и Швајцарија – Полска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top