| четврток, 6 декември 2018 |

Селфи лакт- Нова болест на модерното време

selfiКако што постои тениски или голф- лакт, новата верзија е селфи лакт. Неодамна новинарката и водителка на американската ЕнБиСи, Хода кит, посетила доктор жалејќи се на болка во раката и во лактот.

-Посетив ортопед и тој ме праша дали играм тенис или пинг- понг. Смеејќи се му реков дека постојано фотографирам селфија- раскажува таа.

selfi lakt

Кога се фотографирате сами себе раката ви е во воздух во неприродна положба, а вие кликате и тоа не само еднаш туку по три- четири пати. Некогаш и до 20 пати додека не се постигне „совршена“  фотографија. Селфи лакт имаме сите- напиша новинарката покрај фотографијата на Инстаграм. Докторот и препорачал на болното место да стави лед и да прави одредени вежби.

Др Џордан Меси, специјалист за спортска медицина во Њујорк, посочува дека проблемот со „селфи лакти“ станува се почест.

– Слично беше и со Блекбери телефоните бидејќи луѓето ги болеа прстите заради непрестанато типкање на тастатурата. Тениски лакт ќе добиете ако премногу играте или имате лоша форма, а селфи лакт, ако премногу се сликате со телефонот. Мускулите ги изложувате на преголем стрес и ја иритирате област во која мускулите ги двоите од коската- објаснува докторот.

Сепак, тоа нема да ги спречи луѓето и натаму да се сликаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top