Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска, во рамки на одбележувањето 1.100 години од упокојувањето на свети Климент Охридски, присуствуваше на отворањето на „Демирхисарско културно лето 2016 година“ во комплексот на манастирот „Св. Јован Претеча“ во село Слепче.
Иванов присуствуваше и на свечената aрхиерејска литургија што се одржа во слепчанскиот манастир, по повод православниот празникот Иванден – раѓањето на свети Јован Крстител.
Јубилејот 1.100 години од упокојувањето на светиот Климент Охридски се одбележува со богата програма на активности и културни настани. Претседателот Иванов, заедно со МАНУ и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, е носител на чествувањето на овој јубилеј посветен на животот и делото на големиот македонски просветител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на 73. Генерално собрание на ОН
-
Каракамишева со апел до Иванов: Претседателе, имаме милион аргументи на наша страна, искористете ги
-
Претседателот Иванов им посака успешен настап на членовите на џез-квартетот „Форплеј“ од САД во „Вила Билјана“ во Охрид
-
Иванов: Да ја почитуваме и чуваме Република Македонија