| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо скокна до 2,61 метар и шутна со брзина од 71,3 км на час

portugalija vs vels

Атлетските способности и силата на Кристијано Роналдо уште еднаш беа покажани на дело и тоа при постигнувањето на голот за водство на Португалија против Велс, со што беше трасиран патот кон финалето.

Според направените пресметки, Роналдо направил небесен скок од 2,61 метри и затоа никој не можеше да му парира во ударот кога го совлата чуварот на мрежата на Велс, Хенеси. Колку за споредба, висината на пречката е 2,44 метри, што значи дека тој скокнал над рамката од голот.

Ударот кој Роналдо го упати со глава беше со брзина од 71,3 км на час, што е неверојатно брзо ако се знае дека не е шутнато со нога.

– Никогаш немам видено фудбалер кој може толку високо да скока и да остане толку долго во воздух – рече легендата на англискиот фудбал, Гери Линекер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top