Мандолинскиот оркестар на Младинскиот културен центар од Скопје (МКЦ), под диригентската палка на Ванчо Јовчев со успех учествуваше на Меѓународниот фестивал за хорови и оркестри „Будапест мјузик фестивал 2016“ (Budapest Music Festival 2016) што од 29 јуни до 3 јули 2016 се одржа во Будимпешта, Унгарија.
Mладите инструменталисти настапија во некои од познатите катедрали, а се претставија со дела од Шостакович, Чајковски, Бах и други.
Посебно се издвојува настапот на младата виолинастка Ева Богоевска, како и на Јане Дунимаглоски, Сара Трајановска и Андреј Петрески.
На второто издание на фестивалот, годинава учествуваа ансамбли и хорови од Романија, Италија, Полска, Унгарија, Италија, Бугарија, Турција, Португалија и Македонија.
Учеството на Мандолинскиот оркестар во Будимпешта, е реализирано со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.