Организацијата за храна и за земјоделство на Обединетите нации (ФАО) соопшти дека здруженото дејствување на двата метеоролошки феномена Ел Нињо и Ла Ниња, може до крајот на годината да зафати сто милиони луѓе.
ФАО проценува дека на околу 60 милиони луѓе, од кои две третини во источна и јужна Африка поради сушата поврзана со Ел Нињо им се заканува недостиг од храна.
El Niño and La Niña could affect hundred million people, according to the UN pic.twitter.com/BErU3OcZlz
— Santa Fe Radio (@santafebusiness) July 6, 2016
Ел Нињо е климатски феномен, кој се појавува кога температурата на Тихиот Океан станува абнормално висока. Влијанието на Ла Ниња, појава кога водата во источниот дел на Тихиот Океан по Ел Нињо се лади, не е толку сериозно, но се поврзува со поплави и со суши.
– Ел Нињо првенствено ги предизвика прехранбените и земјоделските кризи, изјави претседателот на ФАО, Жосе Грацијано да Силва на состанокот на Агенцијата на ОН во Рим, на кој се расправаше за влијанието на Ел Нињо врз Африка и пацифичкиот дел на Азија.
Да Силва нагласи дека се потребни околу четири милијарди долари за да се задоволат потребите на државите погодено од феноменот.
Doble impacto por El Niño y La Niña podría afectar a más de 100 mln de personas: ONU @TV3Noticias @TV3Puebla pic.twitter.com/E7Iq3Cl38E
— América Álvarez (@amerialvareztv) July 6, 2016
ОН ги повикуваат меѓународната заедница и владите да ги зголемат напорите за засичување на отпорноста на „најчувствителните“ заедници, кои тешко се прехрануваат и да им помогнат да се подготват за Ла Нина.
ФАО обезбеди дополнителни средства за земјоделство и прехрана, како и средства за подготовки за катастрофата.
Hogue prediction correct, the El Nino 2 La Nina flip is coming earlier than NASA predicted: https://t.co/8i5Mwiyhga pic.twitter.com/v3QiZLDF2t
— John Hogue (@JohnHoguePrphcy) June 23, 2016
Јужна Африка има три месеци пред почетокот на земјоделската сезона да воведе итни мерки, кои ќе спречат земјоделските семејства во 2018 година да станат зависни од хуманитарна помош, смета ФАО.
ONU alerta sobre los daños de El Niño y La Niña https://t.co/8BF5sPnanB pic.twitter.com/OKPA0kK4do
— Novedades de Q.Roo (@novedadesqroo) July 7, 2016
Метеоролзите во Јапонија, Австралија и САД проценуваат дека постои од 50 до 75 отсто шанси дека Ла Нина ќе се случи во втората половина на 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.