| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија на веселба во Тетовско, повредени две лица

Вчера во 17,30 часот во СВР-Тетово биле известени дека во 12,30 часот во село Горно Палчиште во семејната куќа сопственост на Х.М.(49) за време на семејна веселба, од страна на непознато лице било пукано со огнено оружје, најверојатно пиштол, и притоа во дворното место каде што имало повеќе гости со повреди се здобиле Х.М. и неговиот син Ј.М. (24).

Повредените лица се однесени во Клинички центар во Тетово за укажување лекарска помош, по што се пуштени на домашно лекување, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top