| четврток, 6 декември 2018 |

Турските хотели сѐ уште празни: Русите ги вратија чартерите, но со една голема сопка

Рускиот и турскиот претседател ги закопаа секирите. Тоа значеше и укинување на санкциите што Русија ги воведе за Турција. Откако Путин кажа „амин“ и за повторното воведување на чартер-летовите до турските одморалишта, руските туристи и хотелиерите од Турција ги чекаше нов ладен туш.

Илјадниците туристи од Русија што решија да заминат на одмор во Турција, ги пречекаа поскапени цени на авионските билети. Веста ја соопшти Здружението на туроператорите во Русија АТОР на својот сајт. Информацијата е пренесена во турските медиуми, и прифатена од хотелиерите во Турција со загриженост.

АТОР се повикува на извештај на агенција Авиакасса, според кој веднаш по тргнување на забраната за резервирање на туристички пакети за Турција, интересот на руските туристи адресите се зголемил, но паралелно со тоа се зголемија и цените на авионските билети.

Според РИА Новости во последните денови на јуни компанијата „Пегазус ерлајнс“ продавала повратен билет до Анталија за 7.500 рубли, но од 1 август ќе ја зголеми неговата цена до 9 800 рубљи. Тоа значи дека поскапувањето е повеќе од 30 проценти.

Азербејџанските авиолинии планираат да ја зголемат цената во август со 26, 4 проценти и еден билет ќе чини 13.500 рубли. Директен лет со „Аерофлот“ до Анталија ќе чини 21.400 рубли, а со турските авиокомпании – 48.000 рубли. Во просек за 25 проценти поскапува и билетот од Санкт Петербург до Анталија, но од 1 август „Аерофлот” ќе продава за 37, 9 проценти поскапи билети, така што билетот ќе достигне сума од 17.500 рубли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top