| четврток, 6 декември 2018 |

Туристички поход на Јадранот: До првата плажа некогаш се труцкало и цел ден (ГАЛЕРИЈА)

Масовното летување на Јадранот започнува во втората половина на 20 век. Јадранската магистрала е асфалтирана дури 1958 година, службата Помош на пат постои од 1963 г., a бензински пумпи на островите немало до осумдесеттите

Туристи има на Јадрамот уште од 19 век, многу пред да се појават автомобилите и вистински улици. Јозефинска цеста, од Карловац до Сењ била изградена во 1779 г., a Терзијанската, по која преку планината Велбит се поврзани Госпиќ и Карлобаг во 1786. Европската буржоазија се труцкала по макадам во фијакери со денови.

20130522_103050

Ништо значајно не се променило ниту кога автомобилите кои се броеле на рака ги замениле кочиите. Секој навидум безбеден пат секогаш се претворал во неизвесно патешествие. Пат од 80 км од Карловац до Плитивичките Езера тогаш се минувал за бесконечни 5 часа, што значи дека во тоа време по улиците се возело побавно од 20 км/час.

На патувања подолги од 15о км се одлучувале само богатници, авантуристи и вљубеници во автомобилите.

1967

Масовното летување на Јадранот започнува во втората половина на 20 век, односно по Втората светска војна. Се патувало главно со автобус, но до туристичку бум не дошло спонтано туку со политичка одлука. Тоа се гледа од брошурата од 1949 г. на агенцијата „Путник“, оперативен орган на Комитетот за туризам и угостителство на Валадата на ФНРЈ пишува:

„Нова Југославија им осигура на своите трудбеници, борци за изградба на социјализмот, платен годишен одмор.

Добро искористен годишен одмор освежува и ја обновива силата за понатамошна предана работа. Затоа користењето ан годишен одмор не е само право туку и должност на нашите трудбеници“. Секако, на брошурата не пишува дека во тој аранжман со автобус се патувало со часови на 40 степени, по правливи патишта полни со дупки.

Tomos 1970

Кон крајот на педесеттите години започнака посериозна модернизација на Јадранската магистрала, во 1958 г. асфалтирана е делницата од Ријека до Задар, во 1964 Светска банка ја финансира изградбата на патот до Дубровник. Во 1963 г. биле воведени спална-вагони на железницата Загреб – Сплит, а  пет години подоцна воведен е и превоз на автомобили, а повратна ката за фиќо чинела 258,10 тогашни динари.

1970-te dragija zeljko - Copy

Но, автопревозот не значи крај на маките. Во 1979 година Собранието на СФРЈ го донесува Законот за ограничување на употребата и движењето на моторните возила, што во прв план ја загрозува турситичката сезона. Прво е воведен системот пар-непар, а во 1982 г. бонови за гориво.

jadranska-magistrala kraj sedamdesetih

Приватен автомобил месечно можел да потроши само 40 литри Ако во 1983 година сте сакале со „застава 101“ од Скопје да заминете на намеш море, тоа ќе ве чинело околу 4500 динари, а за споредба тогаш просечната платаизнесувала 17.317 динари. Со штедење „101“ трошел 7,5 л на 100 км, па со месечни бонови можело да се стигне до половина пат. Малку поблиску од половина пат стигнувале сопствениците на фиќо или дијана 6 или рено 4, за цели 100 км. За среќа, боновите се укинат во 1985 г.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top