| четврток, 6 декември 2018 |

Не авион, туку нешто друго барала Драгана Мирковиќ за да биде дел од жирито на „Ѕвездите на Пинк“

pink

Во третата сезона на „Ѕвездите на Пинк“, една од членовите на жирито ќе биде и Драгана Мирковиќ, а пејачката откри кои услови му ги поставила на сопственикот на „Пинк“, Жељко Митровиќ, како би ја прифатила неговата понуда.

-Тони и Жељко се договориле јас да бидам член на жирито, знаејќи дека не умеам да кажам не. Жељко ми се јави и ми рече:Драгана дали ќе ме одбиеш мене и својот сопруг – рекла Драгана за Информер и кажала што навистина барала од сопственикот на „Пинк“.

-Мојот единствен услов беше да не отсуствувам многу од дома и да бидам со Марко и Мануела, што првите луѓе на „Пинк“ го прифатија.  Емисиите ќе се снимаат кога мене ќе ми одговара, но не ја прифатив понудата да ми праќат приватен авион – рекла Мирковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top