| четврток, 6 декември 2018 |

Стариот кичевски градоначалник реагира: Не правев етнички разлики при вработување

kicevo-gradonacalnik-300x257Доскорешниот градоначалник на Кичево, Благоја Деспотоски, негира дека ја оставил општината во долгови, како што обвини неговиот наследник Фатмир Дехари. Како што пишува kicevo.mk., Деспотовски изјавил:

Тоа што е преставено од сегашниот градоначалник како долг на општина Кичево е кредитот од Светската банка што има рок на отплата од над 11 години, со 3 години грејс период што значи дека тој нема да го отплаќа тој долг. Исто така кон фирмата „АС Сењак” фактурите што ќе стигнат се со рок на плаќање од 730 дена. Имаме повеќегодишна позајмица од владата, која ја искористивме да ја одблокираме сметката на општина Кичево.

Деспотоски дополнил дека податоците за финансиски дубиози се неосновани, бидејќи во негово време буџетот бил зголемен за 35%, а долгорочните позајмици биле искористени за инфраструктурни проекти кои се видливи и денес.

Екс – градоначалникот реагираше и на обвинувањата за вработувањата во негово време бидејќи при вработување не правел никакви етнички разлики.

Во врска со работниците со кои бил склучен договор на дело во предизборието, Деспотоски вели дека тоа  била единствена можност за ангажирање на лица во ППБ и ЛЕР бидејќи имало голема потреба од нив, бидејќи претходните работници во меѓувреме заминале во пензија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top