| четврток, 6 декември 2018 |

Тамара ја остава Хана: По шест месеци ѝ се враќа на музиката, првиот настап во Битола

 

Tamara-Brana-Velkova-520x543

По минатогодишниот концерт во арената “Борис Трајковски“ и трите Златни бубамари за концерт на годината, пејачка на годината и албум на годината Тамара направи мала пауза за голема промена во животот. Некаде меѓу концертот и летните настапи Тамара стана мајка и уживаше во моемнтите со Хана и своето семејство. Ја видовме на прошетка во парк, на кафе низ Скопје, со блиските и секако постојано во друштво на принцезата.

Од петок ќе имаме можност да ја гледаме и на сцената.

По само 6 месечна пауза Тамара се враќа на сцената, со настап во Битола. Организаторот најавува дружба на фановите со Тамара до раните утрински часови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top