| четврток, 6 декември 2018 |

Тереза Меј го помина првиот круг на конзервативците за наследник на Камерон

tereza mej

Британската министерка за внатрешни работи Тереза Меј победи на првиот круг гласање на Конзервативната партија за следен премиер и лидер на партијата.  Таа освои 165 гласа, а со 66 гласа на конзерватицвите на второ место се најде министерот за енергија Андера Лидсом.

Прв кој е дискфалификуван од кандадт за место на премиер е поранешниот секретар за одбрана Лијам Фокс, кој освои само 16 гласа.

Министерот за правда Мајкл Гов освои 48 гласа, додека Стивен Краб 34.

Конзервативниците следното гласање го закажаа за в четврток, а потоа и во вторник кога ќе се елиминира секој кандидат со најмал број на освоени гласови.

На крај изборот се сведува на два кандидата за кој ќе одлучуваат 150.000 членови на партијата низ целата земја.

Конечниот победник на внатрепартиските избори за следен лидер на партијата и иден премиер на Велика Британија ќе биде прогласен на 9 септември.

Британскиот премие во оставка Дејвид Камерон не учествувал во гласањето за избор на својот наследник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top