Британската министерка за внатрешни работи Тереза Меј победи на првиот круг гласање на Конзервативната партија за следен премиер и лидер на партијата. Таа освои 165 гласа, а со 66 гласа на конзерватицвите на второ место се најде министерот за енергија Андера Лидсом.
Прв кој е дискфалификуван од кандадт за место на премиер е поранешниот секретар за одбрана Лијам Фокс, кој освои само 16 гласа.
Министерот за правда Мајкл Гов освои 48 гласа, додека Стивен Краб 34.
Конзервативниците следното гласање го закажаа за в четврток, а потоа и во вторник кога ќе се елиминира секој кандидат со најмал број на освоени гласови.
На крај изборот се сведува на два кандидата за кој ќе одлучуваат 150.000 членови на партијата низ целата земја.
Конечниот победник на внатрепартиските избори за следен лидер на партијата и иден премиер на Велика Британија ќе биде прогласен на 9 септември.
Британскиот премие во оставка Дејвид Камерон не учествувал во гласањето за избор на својот наследник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст