Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги замоли играчите од Португалија, Велс, Франција и Германија по полуфиналните натпревари на Европското првенство, да не ги изнесуваат своите деца на теренот.
– Ова е Европско првенство, а не семејна забава. Стадионите не се најсигурното место за малите деца ако навивачите почнат да ги внесуваат на теренот. Тоа е убава слика, но ние не сме 100% против тоа, мораме да бидеме внимателни, порача директорот на турнирот Мартин Кален.
Овој апел на УЕФА најмногу е упатен кон репрезентацијата на Велс, чии играчи после победата над Белгија ги донесоа своите деца на теренот во Лил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.