Репрезентацијата на Велс е едно од изненадувањата на Европското првенство, а неочекуваните резултати донесоа и неочекувани ситуации за дел од репрезентативците на оваа земја. Имено „патувањето“ на Велс трае повеќе од предвиденото, а „змејовите“ утре ќе играат во полуфиналето со Португалија, па тоа беше сосема доволна причина Герет Бејл да открие дека неговиот колега Џо Ледли морал да ја откаже венчавката со партнерката Руби Риџвеј закажана за 9 јули.
– Тој датум одамна беше закажан, пред да се квалификуваме. Такви работи се случуваат , знаат да се случат и изненадат. Двајцата се фокусирани на тоа што ги очекува со репрезентацијата и сигурен сум дека подоцна кога ќе заврши ЕП ќе организираат прекрасна свадба и веселба, истакна Бејл.
Поради овој успех на Велшаните уште еден играч ќе пропушти голем настан, станува збор за Крис Гантер кој нема да може да присутвува на свадбата на својот брат која е закажана за четврток во Мексико.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.