| четврток, 6 декември 2018 |

Пешевски: Македонија останува посветена во реформите за креирање на поволна бизнис клима

Дел од проектот што беше започнат од Ангела Меркел во делот на финансиски средства продолжи и на овој Самит.

Во таа насока не се исцрпени сите средства, а Европската Комисија се обидува да даде стимул за земјите од Западен Балкан.

-Европската Комисија  се обидува да направи стимуланс, да даде грантови за конкретни проекти, но потребно е земјите да спроведат сет на реформи, а и проектната документација да биде подготвена на соодветно ниво, истакна вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, кој додаде дека лидерите на земјите членки на Унијата се посветени кон задржување на европската перспектива за земјите од Западен Балкан.

Македонија веќе е дел од еден таков проект, кога во Берлин беа финансирани 12 милиони за изградба на далековод во Албанија, проектот што ќе започне да се реализира во скоро време.

-Како што е познато уште во Берлин првиот проект што беше одобрен е проект во кој учествува Македонија. Тогаш беа доделени 12 милиони за изградба на далековод во Албанија . Предлагавме и други проекти, кои засега не се влезени во агендата. Верувам дека овој процес нема да заврши во Рим каде ќе се случува следниот состанок, па во следните 2 до 3 години уште најмалку 20 проекти ќе добијат финансиски средства, истакна Пешевски.

Тој додаде дека доколку се спроведат квалитетни проекти ќе се најдат дополнителни средства.

-Идејата во Берлин дојде од наша страна и истата беше прифатена. Оваа тема денеска е една од главните мотиви на оваа конференција. Сега сите работиме во таа насока“, изјави Пешевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top