| четврток, 6 декември 2018 |

Болно детенце го бодри Меси: Јас не се предавам, немој ни ти!

mesi

Лионел Меси е на одмор со семејството и не се одѕива по одлуката да не игра повеќе за репрезентацијата на Аргентина по поразот во диналето на Копа Америка.

Неговите сонародници ширум светот го молат да се предомисли и да биде дел од националниот тим што ќе се натпреварува на Светското првенство во Русија во 2018 година.

Една од најпотресните пораки во која се моли Меси да остане, стигна од седумгодишниот Лучи, дете кое боледува од тумор на мозок.

Детето ги прашало родителите дали може да се фотографира во аргентински дрес со испишана порака: „Драг Меси, јас не се предавам иако сум малечок. Не предавај се и ти кога се голем. Те сака Лучи“.

Фотографијата брзо почна да се споделува на социјалните мрежи.

-Лучи е борец. Повеќе од две години се бориме со многу агресивен тумор. Веќе беше на две операции, вели неговата мајка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top