Српската писателка Исидора Бјелица, која со години се бори со карцином на јајчниците, во моментот ја промовира својата книга „Спас 3“, во која пишува за сите алтернативни лекувања.
Желбата за живот ја присилила Исидора да посети разни исцелители, а многу од нив сакале само да ја искористат, пишува српски „Ало!“. Вo емотивната исповед за весникот, писателката го споделува најлошото искуство што го имала со лажните исцелители.
– Многу ги има, навистина. Кога ќе се разболите од најтешката болест во поодмината фаза, каде официјално нема лек, се обидувате сè и станувате плен на најразлични измамници, хохштаплери… Опишав многу свои искуства, но ако морам да издвојам, најстрашно ми беше одењето кај еден странски псевдолекар кого ми го препорача една наша ТВ-водителка, моја познаничка. Дојдов кај него во тешка состојба, полна со метастази, а тогаш не го знаев ова што денес го знам, па хемотерапиите очајно го поднесував. Едноставно бев жив мртовец. Мислев дека станува збор за сериозен научник, така ми беше предочено, кој, наводно, прави репрограмирање на генските грешки. Кога мојат сопруг и јас седнавме кај него, веднаш нешто ми беше сомнително, но очаен човек не ја слуша својата интуиција, туку трпи сè и се надева. Прво, на својот компјутер ми покажуваше морничави фотографии на луѓе кои буквално се распаѓаат од карцином. Беше страшно. Ги запиша моите податоци во компјутерот и ми рече дека тоа е и мојата судбина и ми покажуваше фотографии како ќе изгледам. Видов дека ужива додека тоа го покажува. Потоа им рече на неговиот асистент и на мојот сопруг да излезат од собата. Тука беа и еден валкан чаршав и кревет, ми рече да се соблечам и да легнам. Тој седна на столот и стави некои луди темни очила, а ниту рацете не ги изми. Ми беше тешко поради водата во стомакот, не можев ниту да дишам, ниту да лежам на грб. Бев во долна облека, а тој бесно бараше да соблечам сè, а потоа со тие нечисти раце почна да ми ги допира дојките, а на крајот и вагината. Почнав да се молам и да го туркам, а тој врескаше дека така мора да биде инаку ќе умрам. Плачев, не можев да се поместам. На крајот собрав сили и буквално како полумртовец успеав да го оттурнам, да истрчам до вратата и да излезам. Се тресев и плачев неколку дена – рекла Исидора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Состојбата нагло и се влоши – Исидора Бјелица не може ни да зборува
-
Исидора Бјелица се разведува: На лечење сум во Скопје, моето срце не може да издржи толкава болка
-
Исидора Бјелица: Ја дочекувам новата година знаејќи дека нема да ја дочекам следната
-
Молитва за крај: Исидора Бјелица објави фотографија од последната терапија (фото)