| четврток, 6 декември 2018 |

Проблеми во сообраќајот, скршени и откорнати дрвја – Невремето направи хаос во Скопје (Фотогалерија)

drvo

Невремето со силен дожд и ветер што попладнево го зафати Скопје предизвика проблеми во сообраќајот. Покрај поплави од краткотрајниот интензивен дожд на улиците се паднати гранки, но и цели дрвја. Најкритични се  кружниот тек кај хотел „Континентал“, како и подземните премини кај Бутел, кај Александар Палас и булевар „Србија“.

Како што информиравме веднаш откако невремето престана, едно огромно дрво беше скршено во Градскиот Парк, а има и откорнати дрва како и паднати на градските улици. Надлежните јавни претпријатија работат на расчистување на сообраќајници и нормализирање на сообраќајот.

poplava2

Покрај во Скопје невреме со посилен интензитет имаше и во  Струмица и во Штип.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до 17 часот попладне најмногу дожд наврна во Берово, 26 литри на метар квадратен, 10 во Пожар  шест во Скопје Зајчев Рид, …..

УХМР најави дека од утре до вторник ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен, а во понеделник повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде во благо опаѓање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top