| четврток, 6 декември 2018 |

Луис Хамилтон со нова пол-позиција во кариерата

hamilton-Formula-1

Луис Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата Награда на Австрија, по суперинтересните квалификации што се возеа денеска. Британецот имаше одлична конкуренција, „прсти вмеша“ и дождот, за буквално во последниот круг да успее да оствари најдобро време и да се избори за пол-позиција.

По излетување на Квијат дојде до „црвено знаме“ и прекин на квалификациите, поради што потоа се оддолжи и крајот за дваесетина минути. Токму во тој период почна да врне дожд кој им ја искомпликува задачата на возачите, но и ја направи многу интересна битката за пол-позицијата.

Хулкенберг, Фетел, Раиконен, Розберг и Хамилтон се менуваа како возачи со најдобро време се додека сите не тргнаа во последниот круг, пред самиот истек на времето. Светскиот шампион најдобро се снајде на патеката што во меѓувреме значително се исуши, па Британецот сосема заслужено стигна до првото место, пред Розберг, Хулкенберг, Фетел и Батон. Мора да се истакне дека Розберг поради казната за менување на дел од болидот пред квалификациите наместо од втората, ќе стартува од седмата позиција, a поради истата причина Фетел од четвртото ќе падне на деветтото место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top