Тим филозофи, математичари и други угледни научници од Институтот за иднината за човештвото на Универзитетот Оксворд смета дека моментално се наоѓаме во последното столетие од човештвото.
– Ова би можело да биде последното столетие на човештвото бидејќи технологијата станува помоќна од нас. Во тек е трка помеѓу технолошката моќ на човештвото и нашата мудрост при нивното користење. Се плашам дека можеме да ја загубиме битката – вели директорот на институтот Ник Бостром.
MSN News пренесува и размислување на познатиот физичар Стивен Хокинг кој е уверен дека човековата цивилизација нема да опстои ако не избега од земјата. Научниците мислат дека синтетичката биологија, нанотехнологијата и вештачката интелегенција се голема закана за нас, па во блиска иднина можеме да се соочиме со нуклеарно уништување и еколошки армагедон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.