| четврток, 6 декември 2018 |

Како одраз во огледало: Охридското езеро има близнак во Калифорнија

ohridsko ezero bliznak

Македонското, а сепак светско културно наследство,­ Охридското Езеро, кое крие богата историја, култура, археолошки наоѓалишта и природна убавина, има свој двојник на другиот крај од светот. Станува збор за езерото Тахо, кое се наоѓа 120 километри североисточно од градот Сакраменто во Калифорнија.

За сличноста на овие две езера говорат многу факти. Езерото Тахо е само малку поголемо од Охридското (490 км кв. наспроти 358 км кв.), малку подлабоко (501 м наспроти 288 м), со слична форма (долго 35 км, широко 18 км и со брегова линија од 116 км, наспроти должина од 31 км, ширина 15 км и брегова линија од 88 км кај Охридското Езеро). И Охридското и езерото Тахо се стари околу 2 милиони години, опколени се од источна и западна страна со планини, а провидноста на водата е идентична од 22 до 25 метри, пренесува порталот Факултети.мк.

Покрај неопсиливата убавина на овие две езера, интересен е фактот што границата и припадноста на езерото Тахо кон Калифорнија и Невада се прилично слични со границата и припадноста на Охридско Езеро на Македонија и Албанија. Она што ја крунисува поврзаноста на овие две езера е фактот што и двете езера имаат еден поголем истек ­ Црн Дрим истекува кон северозапад, додека реката Траки кај Тахо истекува кон североисток, а и двете реки на истекот од езерата имаат мали брани со кои се регулира нивото на езерата.

Кога ќе се земат предвид просечните годишни врнежи, кај Охридско Езеро тие се 700 мм, додека кај Тахо 800мм, а пак просечните годишни температури на воздухот кај двете езера се околу 10­11 степени Целзиусови. Охридско Езеро е носечка стопанска гранка, што е случај и со езерото Тахо, каде што секако е многу поразвиена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top