| четврток, 6 декември 2018 |

Болт ги откажа националните квалификации за Рио, доведено во прашање и учеството на ОИ?!

Beijing 2015 IAAF World Championships

Најбрзиот човек на светот, Усеин Болт, би можел да ги пропушти Олимписките Игри во Рио откако атлетичарот од Јамајка заработи повреда на мускулот поради која не настапи на квалификациите во својата земја. Очекувањата беа Болт без поголеми проблеми да обезбеди виза за Рио, но ситуацијата целосно се искомпликува откако тој не стартуваше во финалната квалификациска трка на 100 метри.

– Чувствував проблеми за време на првите квалификациски трки. Мислев дека се е во ред бидејќи немав болка во полуфиналето, но ризикот за настап во финалето беше преголем и затоа во консултација со мојот тим решив да не настапам – изјави Болт.

Свесен дека нема многу време за рехабилитација, а повредата не е наивна, извонредниот атлетичар веднаш почна со рехабилитациската програма.

bolt 1

Времето дефинитивно не му е сојузник на светскиот рекордер на 100 и на 200 метри. Фактот дека тој ги пропушти олимписките квалификации во својата земја му остава на Болт само уште една шанса за виза за Рио, на трката во Лондон на 22 јули, на која ќе може да се стигне до олимписки билет.

– Го откажав настапот на преостанатиот дел од националниот шампионат на Јамајка. Веднаш ќе почнам со третмани и се надевам дека ќе бидам подготвен за настап во Лондон на 22 јули – порача Болт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top