Американската компанија „Фул контакт“ на своите вработени им нуди 7.500 долари за да одат на одмор, но секако има еден услов. Тие не смеат да користат никакви електронски уреди додека се таму.
Извршниот директор на компанијата, Барт Лоранг објасни зошто компанијата го нуди овој предлог.
– Навистина е важно да се оддалечиме од машините и да се отпуштиме. Повеќето наши работници се среќни кога ќе се вратат. Луѓето по цел ден се поврзани со машини и со електронски уреди, потребен им е одмор – вели тој.
Овој одмор важи за лицата помлади од 35 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.