Списанието „Форин полиси“ состави листа од 500 најмоќни луѓе на светот кои ја контролираат индустријата, политиката, медиумите, енергетиката…Меѓу ннив има поединци од Русија, Индија, Блискиот исток, Европа и Америка, милијардери, но и „лоши момци“, потоа претседатели на држави и влади, министри, религиски лидери, сопственици на банки и инвестрициски фондови…

Листата е направена на основа на списанието „Фробс“ кое ги прогласува 100-те најмоќни луѓе на светот, како и врз основа на истражувањата на Институтот за медиуми и комуникации, списокот на 50-те најсилни банки во светот, најдобрите универзитетит во светот…
Меѓу најмноќните луѓе во светот се Барак Обама и неговата сопруга Мишел, потоа двојката Бил и Хилари Клинтон, рускиот претседател Владимир Путин, духовниот лидер на Тибет Далај Лама, Бам Ки Му – генералниот секретар на ОН, Аунг Сан Су Чи – лидерка на опозицијата во Минамар, градоначалникот на Њујорк Мајкл Блимберг, Џон Бренан – директор на ЦИА, Александар Ботникоф – прв човек на руската тајна служба, шефот на руската мафија Семион Могилевич, кралот на шеќерот Алико Данготе од Нигерија, најбогатиот Индиец Муксеш Амбани…
Жените на светската мапа на моќ и понатаму не се присутни онолку колку што заслужуваат. Вкупно десет отсто од жените се во политиката, само три отсто се во економијата и бизнисот, а нема ниту една жена меѓу лидерите во религијата. Меѓу 500-те највлијателни светски министри за одбрана само една е жена, Џенин Харис Плашхерт, холандската министерка за одбрана.
Дипломатијате е во рацете на САД, потоа следат Кина, Русија, Франција и Германија, а редоследот е врз основа на бројот на амбасадите и конзултатите во светот што ги имаат.
Најмногу оружје увезуваат Индија, потоа следи Кина, Турција и Пакистан, а најмногу извезуваат САД, Русија, Кина, Украина, Германија.
Најмоќен светски бренд е „Кока – кола“, а виртуеланта светска моќ им припаѓа на социјалните мрежи. На прво место е „Фејсбук“, потоа следат „Гугл“, „Јаху“ и „Википедија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


