| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се 500-те најмоќни луѓе на светот?

Листата е направена на основа на списанието „Фробс“ кое ги прогласува 100-те најмоќни луѓе на светот, како и врз основа на истражувањата на Институтот за медиуми и комуникации, списокот на 50-те најсилни банки во светот, најдобрите универзитетит во светот...

Списанието „Форин полиси“ состави листа од 500 најмоќни луѓе на светот кои ја контролираат индустријата, политиката, медиумите, енергетиката…Меѓу ннив има поединци од Русија, Индија, Блискиот исток, Европа и Америка, милијардери,  но и „лоши момци“, потоа претседатели на држави и влади, министри, религиски лидери, сопственици на банки и инвестрициски фондови…

mokni

Листата е направена на основа на списанието „Фробс“ кое ги прогласува 100-те најмоќни луѓе на светот, како и врз основа на истражувањата на Институтот за медиуми и комуникации, списокот на 50-те најсилни банки во светот, најдобрите универзитетит во светот…

Меѓу најмноќните луѓе во светот се Барак Обама и неговата сопруга Мишел, потоа двојката Бил и Хилари Клинтон, рускиот претседател Владимир Путин, духовниот лидер на Тибет Далај Лама, Бам Ки Му – генералниот секретар на ОН, Аунг Сан Су Чи – лидерка на опозицијата во Минамар, градоначалникот на Њујорк Мајкл Блимберг, Џон Бренан – директор на ЦИА, Александар Ботникоф – прв човек на руската тајна служба, шефот на руската мафија Семион Могилевич, кралот на шеќерот Алико Данготе од Нигерија, најбогатиот Индиец Муксеш Амбани…

Жените на светската мапа на моќ и понатаму не се присутни онолку колку што заслужуваат. Вкупно десет отсто од жените се во политиката, само три отсто се во економијата и бизнисот, а нема ниту една жена меѓу лидерите во религијата. Меѓу 500-те највлијателни светски министри за одбрана само една е жена, Џенин Харис Плашхерт, холандската министерка за одбрана.

Дипломатијате е во рацете на САД, потоа следат Кина, Русија, Франција и Германија, а редоследот е врз основа на бројот на амбасадите и конзултатите во светот што ги имаат.

Најмногу оружје увезуваат Индија, потоа следи Кина, Турција и Пакистан, а најмногу извезуваат САД, Русија, Кина, Украина, Германија.

Најмоќен светски бренд е „Кока – кола“, а виртуеланта светска моќ им припаѓа на социјалните мрежи. На прво место е „Фејсбук“, потоа следат „Гугл“, „Јаху“ и „Википедија“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top