| четврток, 6 декември 2018 |

Станиќ се повлекува од српската репрезентација?!

Дарко Станиќ, не сака да брани за екипа која што „нема основа“ да постигне резултат на големо натпреварување – изјави тој расочарон од поразот кој неговата репрезентација (Србија) го претрпе од Словенија. Според него СП во Шпанија е последната можност на неговата генерација за поголем успех.

Во принципо ние самите се победуваме. Не може да се каже дека немаме квалитет, бидејќи го надигравме секој наш противник. Но залудно, кога на крајот ние губиме. Подобро да не правивме ништо добро, а да победувавме – вели голманот на македонски „Метелург“ за агенцијата „Бета“.

Според него во Белград публиката им помогнала да ја надминат психолошката блокада и веднаш стигнал и успехот. Тој го најави и своето повлекување од репрезентацијата:
-Во последните година и половина имав големо оптоварување во клубот и во репрезентацијата, имав притисок и одговорност од која никогаш не сум бегал. Морам да се одморам. Дали е тоа конечна разделба или одмор од година, две, не знам. Немам мотивација ако не гледам дека репрезентацијата има основа да направи резултат. Нека играат помладите, нека дојдат некои други. Ако можеме да направиме добар резултат – јас сум тука. За се ќе решам во наредните месец, два.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top