Пет лица се повредени вчера во Охрид, по тепачката која се случила во во ресторанот „Острово“ во комплексот
„Свети Наум“.

Вчера околу 17 часот Н.Р. (29) од Охрид бил нападнат од страна на непознато лице кое со остар предмет му нанело повреда во пределот на лицето, по што тој паднал на подот. Потоа дошле уште неколку непознати лица, кои физички го нападнале. На Н.Р. му била укажана медицинска помош во Медицински центар Охрид, а од преземените мерки по основ на сомнение дека се можни сторители приведени се Н.Л. (21), А.К.(23), Љ.Б.(32), Т.Б.(23) и А.Р.(29), сите од Охрид и во тек се мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


