| четврток, 6 декември 2018 |

Од денеска увоз на половни возила најмалку со Еуро 4 стандард

polovni

Од денеска нема да може да се увезуваат половни автомобили постари од 10 години, односно во државата ќе се внесуваат само возила со најмалку Еуро 4 стандард.

Ваквата одлука беше донесена на барање на импортерите на нови возила уште во 2013 година, но со датум на важење од 1 јули годинава.

Оние кои купиле половно возило со стандард Еуро 3 имаа рок до вчера да ја платат царината и да ги завршат сите увозни процедури. Рокот за хомологација засега е неограничен. Според податоците на Царинската управа на Македонија, во првите четири месеци од годинава се увезени 9.500 возила што е скоро двојно повеќе од истиот период лани. Увозот на половни возила беше либерализиран во 2010 година кога беа увезени и најмнмогу половни возила, односно 51.399 автомобили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top