Туристите масовно ги откажуваат аранжманите поради честите напади во Турција.
Туристичкиот сектор во Турција има огромни загуби по нападот на аеродромот во Истанбул. Аналитичарите велат дека овој бизнис ќе се обновува со години.
„Допрва ќе ги проценуваме загубите. По атентатот веќе имаме и први откажани патувања “- коментира Мохамед Ѓунај, кој е управител на хотел во Турција.
Истанбул е еден од најпогодените градови во земјата, а централниот плоштад кој обично е преполн сега е празен.
„Празни улици, никој нема”- коментира Хајрие Акман, која е сопственик на туроператорска компанија.
Според истражувањата туристите се 35% помалку во споредба со минатата година. Се пресметува дека до крајот на 2016 година земјата ќе загуби вкупно околу 15 000 туристи, или околу 12 милијарди долари приход од туризам. Најмалку 41 лица загинаа во напад вчера на аеродромот „Ататурк” во Истанбул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.