| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ќе стави крај на оваа политичка хајка

Од по­че­то­кот на 2015 го­ди­на до де­нес, ВМРО-ДПМНЕ и Ма­ке­до­ни­ја се на­па­ѓа­ни со спе­ци­јал­ни средс­тва, а СДСМ ја има до­би­е­­но уло­га­та да одг­лу­ми вешт на­па­ѓач. Сла­бо ја вр­ши таа уло­га, по­со­чи пре­тсе­да­те­лот на ВМРО-ДПМНЕ, Ни­ко­ла Гру­ев­ски, пред пар­ти­ски­от подм­ла­док. Упа­ту­вај­ќи ги по­ли­тич­ки­те по­ра­ки, Гру­ев­ски по­со­чи де­ка ќе има из­бо­ри, но тре­ба да се вни­ма­ва и да не се доз­во­ли СДСМ по­втор­но да ја зло­у­по­тре­би со­стој­ба­та за пре­диз­ви­ку­ва­ње но­ви ште­ти врз др­жа­ва­та. А ште­ти има

Ве­ќе е јас­но де­ка по­ли­тич­ки­от ви­тел во кој де­нес е заг­ла­ве­на ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја, а со неа и др­жа­ва­та, се дол­жи на фа­ктот што јав­но­ста ја пре­поз­на неј­зи­на­та го­ла бор­ба за власт. Бег­ство­то од два из­бор­ни да­ту­ма во ед­на го­ди­на, при­тоа ба­рај­ќи „тре­та мај­ка“, но под „спе­ци­јал­ни ус­ло­ви“, по­втор­но свр­ту­вај­ќи се кон ули­ца­та, ка­де што се ко­ри­сти пра­те­нич­ки­от иму­ни­тет за де­струк­ции, е са­мо по­ка­за­тел де­ка и на опо­зи­ци­ја­та и на неј­зи­ни­те спон­зо­ри им е јас­но де­ка из­бо­ри­те, ко­га и да се слу­чат, не­ма да ѝ до­не­сат по­бе­да.

Раз­ли­ка­та ме­ѓу, ус­лов­но, две­те по­ли­тич­ки оп­ции во Ма­ке­до­ни­ја, е огром­на. Од ед­на стра­на, има ра­бо­та и кон­цепт за над­град­ба на др­жа­ва­та, слух за гра­ѓа­ни­те, из­ле­гу­ва­ње во пре­срет на не­го­ви­те по­тре­би, па и уче­ње и ис­пра­ва­ње на гре­шки­те, до­де­ка, од дру­га­та стра­на, без­и­деј­но­ста на ли­дерс­тво­то и сле­па­та жел­ба за власт ја до­не­се опо­зи­ци­ја­та до сте­пен на слу­гу­ва­ње на ин­те­ре­си што за­се­га­ат во ге­нот на ма­ке­дон­ски­от гла­сач.

Се­пак, и при нај­го­ле­ма­та кри­за пре­диз­ви­ка­на ток­му од таа зас­ле­пе­ност низ ко­ја е про­тка­е­на и алч­но­ста за лич­но про­фи­терс­тво, и јав­но­ста и ВМРО-ДПМНЕ ка­ко но­си­тел на од­го­вор­но­ста за др­жа­ва­та спо­ред си­те из­бор­ни цик­лу­си, ус­пе­а­ја не са­мо да не потк­лек­нат пред нај­го­ле­ми­от пре­диз­вик, ту­ку и да из­гра­дат стра­те­ги­ја за од­бра­на, пред сè, на др­жав­ни­те ин­те­ре­си, ка­ко и стра­те­ги­ја за из­лез од кри­за­та. Се­ка­ко, тоа се из­бо­ри­те на кои, по­втор­но, спо­ред си­те со­од­вет­ни ан­ке­ти, гла­са­чи­те по­втор­но ќе ѝја да­дат до­вер­ба­та на ВМРО-ДПМНЕ.

Ма­ке­до­ни­ја е на па­тот на евро-ат­лант­ски­те ин­те­гра­ции, пат на кој се по­треб­ни мно­гу ре­фор­ми, но и пат на кој мо­ра да се по­ка­же по­чит кон парт­не­ри­те од ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, од ка­де што кри­ти­ки­те не се­ко­гаш се плод на ре­ал­ни ана­ли­зи, ту­ку се пре­зе­ме­ни па­у­шал­ни оце­ни пла­си­ра­ни од опо­зи­ци­ја­та. Осо­бе­но за ас­пе­ктот за (не)функ­ци­о­ни­ра­ње­то на Спе­ци­јал­но­то јав­но об­ви­ни­телс­тво.

Ва­ква­та ре­ал­ност во ко­ја Ма­ке­до­ни­ја ве­ро­јат­но ќе го за­вр­ши и ова ле­то, бе­ше не­из­бе­жен дел од ана­ли­за­та и од по­ра­ки­те што ги упа­ти пре­тсе­да­те­лот на ВМРО-ДПМНЕ, Ни­ко­ла Гру­ев­ски, пред пар­ти­ски­от подм­ла­док, на 25. го­диш­на кон­фе­рен­ци­ја на Уни­ја­та на мла­ди си­ли.

 

Спе­ци­јал­ни средс­тва про­тив ВМРО-ДПМНЕ и Ма­ке­до­ни­ја

Од по­че­то­кот на 2015 го­ди­на до де­нес ВМРО-ДПМНЕ и Ма­ке­до­ни­ја се на­пад­на­ти со спе­ци­јал­ни средс­тва, а СДСМ ја има до­би­е­но уло­га­та да одг­лу­ми вешт на­па­ѓач. Игра­та е пре­поз­на­е­на, на­ро­дот не под­лег­на на под­мол­ни­от на­пад, а ВМРО-ДПМНЕ из­гра­ди стра­те­ги­ја за над­ми­ну­ва­ње на си­ту­а­ци­ја­та – ре­че Гру­ев­ски во сво­е­то обра­ќа­ње.

– Таа стра­те­ги­ја не по­драз­би­ра де­ка проб­ле­мот ќе се над­ми­не без преч­ки, оп­струк­ции, кри­зи во неј­зи­но­то спро­ве­ду­ва­ње, лич­ни отка­жу­ва­ња и жр­тви, при­вре­ме­ни от­стап­ки, по­пат­ни ко­рек­ции и слич­но. Це­ли­те на стра­те­ги­ја­та се, на пр­во ме­сто, др­жа­ва­та и неј­зи­ни­от ин­те­рес, ка­ко и ин­те­ре­сот на на­ро­дот, по це­на за тоа да се жр­тву­ва­ат одре­де­ни пар­ти­ски или не­чии лич­ни ин­те­ре­си. Зна­чи, др­жа­ва­та пред пар­ти­ја­та – на де­ло. Вто­ра цел е над­ми­ну­ва­ње на си­ту­а­ци­ја­та и из­ле­гу­ва­ње на пред­вре­ме­ни из­бо­ри – по­со­чи Гру­ев­ски.

Ли­де­рот на ВМРО-ДПМНЕ ука­жа на ви­со­ка­та под­др­шка од на­ро­дот на пар­ти­ја­та на власт и ед­на и пол го­ди­на од по­че­то­кот на кри­за­та, но и на жел­ба­та на гра­ѓа­ни­те таа со­стој­ба да за­вр­ши на из­бо­ри, свес­ни во што ја втур­на СДСМ Ма­ке­до­ни­ја.

– Мно­зинс­тво­то гра­ѓа­ни се свес­ни де­ка при­каз­ни­те на СДСМ со фан­том­ски гла­са­чи и со не­ма­ње сло­бо­да на ме­ди­у­ми­те се са­мо из­го­вор за да се од­ло­жат из­бо­ри­те. СДСМ не­ма изв­ле­че­но ни­ка­ква по­у­ка од прет­ход­ни­те из­бор­ни по­ра­зи. Бес­чув­стви­тел­но ги те­ро­ри­зи­ра на­ро­дот и др­жа­ва­та за со си­ла да из­дејс­тву­ва до­вер­ба и со си­ла да ја на­ма­ли до­вер­ба­та во нас. Мно­зинс­тво­то гра­ѓа­ни има­ат про­це­не­то де­ка водс­тво­то на СДСМ, на че­ло со нив­ни­от пре­тсе­да­тел, освен што е без­и­деј­но и де­стру­ктив­но, тоа е и со кри­ми­нал­ни на­ви­ки и со кри­ми­на­лен на­чин на функ­ци­о­ни­ра­ње и на ре­зо­ни­ра­ње. Мно­зинс­тво­то гра­ѓа­ни се свес­ни де­ка ВМРО мно­гу по­до­бро би ја во­де­ла зем­ја­та и во од­нос на еко­но­ми­ја­та, и во од­нос на без­бед­но­ста, и во од­нос на ре­фор­ми­те и во од­нос на на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си – оце­ни Гру­ев­ски.

Про­чи­та­на е и стра­те­ги­ја­та со Спе­ци­јал­но­то јав­но об­ви­ни­телс­тво, це­ли­те и на­ме­ри­те на спе­ци­јал­ни­те об­ви­ни­те­ли за чи­ја­што ра­бо­та Гру­ев­ски оце­ни де­ка не са­мо што не е про­фе­си­о­нал­на, ту­ку и де­ка е актив­но пар­ти­ска за под­др­шка на СДСМ и за оцр­ну­ва­ње и за­гро­зу­ва­ње на ВМРО.

– За жал, мно­гу­ми­на од­над­вор, без да на­пра­ват дла­бин­ска ана­ли­за, пот­па­ѓа­ат под при­каз­на­та де­ка ова што го ве­лам е не­точ­но или е не­ко­ја кам­па­ња про­тив СЈО. Мно­гу­ми­на од нив, не­мај­ќи вре­ме за дла­бин­ска ана­ли­за, пре­зе­ма­ат ста­во­ви еден од друг ве­ру­вај­ќи де­ка се точ­ни – до­да­де Гру­ев­ски.

Во таа на­со­ка, а збо­ру­вај­ќи за евро­ат­лант­ски­те ин­те­гра­ции и ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, Гру­ев­ски се освр­на на цр­на­та кам­па­ња што дол­го вре­ме се во­ди про­тив ВМРО-ДПМНЕ, по­со­чу­вај­ќи де­ка е на­ру­ше­на пер­цеп­ци­ја­та кај не­кои при­ја­те­ли. Тоа, пак, ве­ли, се над­ми­ну­ва со искрен при­стап, ре­фор­ми и со ре­зул­та­ти.

– Ма­ке­до­ни­ја е дел од ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца и тре­ба и ќе ста­не член на НА­ТО и на ЕУ… Не тре­ба си­те што нè кри­ти­ку­ва­ат од над­вор или од вна­тре да ги до­жи­ву­ва­ме ка­ко не­при­ја­те­ли, ду­ри и ко­га сме 100 от­сто си­гур­ни де­ка нив­ни­от став е не­пра­ви­чен или не­ви­сти­нит. Тре­ба да при­фа­ти­ме де­ка дел од тие кри­ти­ча­ри се во заб­лу­да, а и де­ка не­ка­де ние сме по­гре­ши­ле не­што… Вре­ме­то ќе ја из­не­се ви­сти­на­та на по­вр­ши­на – до­да­де Гру­ев­ски.

Ра­бо­та­та на пре­поз­на­ва­ње и на ко­ри­ги­ра­ње на сопс­тве­ни­те гре­шки е ед­на од нај­де­ли­кат­ни­те ра­бо­ти во по­ли­ти­ка­та. Нај­до­бро е да се споз­на­ат и по­пра­ват на­вре­ме, оце­ни ли­де­рот на ВМРО-ДПМНЕ, кој нај­а­ви уште мно­гу ре­фор­ми и во еко­но­ми­ја­та, и во сфе­ри­те по­со­че­ни од европ­ска­та ко­ми­си­ја ка­ко сла­бо­сти, ка­ко ад­ми­ни­стра­ци­ја­та, судс­тво­то, без­бед­нос­ни­от се­ктор, де­мо­кра­ти­ја­та, ме­ди­у­ми­те. По­треб­на е ра­бо­та и во ко­ри­ги­ра­ње­то на сопс­тве­ни­те гре­шки­те на кои ука­жу­ва­ат и гра­ѓа­ни­те, за што Гру­ев­ски по­со­чи де­ка „на­о­ѓаа на­чи­ни да ни ги со­оп­штат пре­ку раз­ни на­чи­ни на ко­му­ни­ка­ци­ја“.

akt200-gruevski-vmro-miting-podrska-2

На из­бо­ри без ште­та за др­жа­ва­та

Иа­ко бр­зи из­бо­ри би при­до­не­ле за над­ми­ну­ва­ње на кри­за­та и за на­ма­лу­ва­ње на ште­ти­те, пр­венс­тве­но во еко­но­ми­ја­та, тоа што Гру­ев­ски го упа­ти ка­ко по­ра­ка во обра­ќа­ње­то на 25. го­диш­на кон­фе­рен­ци­ја на УМС, бе­ше де­ка пред мо­ра да се вни­ма­ва за др­жа­ва­та да не се до­ве­де по­втор­но во си­ту­а­ци­ја во ко­ја за­ка­жа­ни­те из­бо­ри би на­не­ле по­го­ле­ма ште­та.

Име­но, оваа го­ди­на на два­па­ти бе­ше опре­де­лу­ван да­тум за одр­жу­ва­ње из­бо­ри, но и на два­па­ти СДСМ ус­пеа да го ми­ни­ра про­це­сот за нор­ма­ли­зи­ра­ње на си­ту­а­ци­ја­та. При­тоа, бе­ше зло­у­по­тре­бен де­лот од До­го­во­рот од Пр­жи­но за фор­ми­ра­ње вла­да за спро­ве­ду­ва­ње на из­бо­ри­те, со што опо­зи­ци­ја­та вле­зе во пет ми­ни­стерс­тва. Но, ме­сто да се ра­бо­ти на соз­да­ва­ње ат­мо­сфе­ра за фер и де­мо­крат­ски по­ли­тич­ки нат­пре­вар на из­бор­ни­от ден, таа по­зи­ци­ја бе­ше зло­у­по­тре­бе­на за на­не­су­ва­ње но­ви ште­ти и за днев­но­по­ли­тич­ки игри на опо­зи­ци­ја­та. Ток­му за­тоа, Гру­ев­ски во сво­е­то обра­ќа­ње упа­ти по­ра­ка де­ка мо­же да се одр­жат из­бо­ри во след­ни­те че­ти­ри или 10 ме­се­ци, но пре­ду­пре­ди де­ка е мож­на но­ва „не­чес­на игра“.

– Ра­ко­водс­тво­то на СДСМ по­втор­но е фо­ку­си­ра­но ка­ко да на­пра­ви не­ко­ја не­чес­на игра во пра­вец на из­бо­ри­те. Се­га е клуч­но ка­ко да се оти­де на из­бо­ри, а СДСМ пре­ку тие из­бо­ри да не на­пра­ви но­ва ште­та на др­жа­ва­та. По­ка­жа де­ка е под­го­твен на сè. Од нас, а не од не­го, се оче­ку­ва да вни­ма­ва­ме на тоа и да ги за­чу­ва­ме др­жав­ни­те ин­те­ре­си. И ќе ги за­чу­ва­ме – зак­лу­чи Гру­ев­ски.

На тие из­бо­ри Ма­ке­до­ни­ја ќе ста­ви крај на оваа по­ли­тич­ка игра и по­ли­тич­ка хај­ка, оце­ни Гру­ев­ски. Но, пред сè, тие из­бо­ри ќе ста­ват крај на пре­диз­ви­ку­ва­ње­то еко­ном­ски ште­ти, кои ги тр­пи ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја, а со тоа и си­те гра­ѓа­ни во др­жа­ва­та.

– СДСМ сме­та де­ка кол­ку што по­дол­го има та­кви ште­ти по еко­но­ми­ја­та, тоа оди во не­го­ва ко­рист, во смис­ла де­ка лу­ѓе­то ќе по­мис­лат де­ка одед­наш сме за­бо­ра­ви­ле да ја во­ди­ме еко­но­ми­ја­та ка­ко што ја во­дев­ме, па тре­ба не­го да го од­бе­рат на из­бо­ри. А ште­ти има. Иа­ко ус­пе­ва­ме да ја др­жи­ме еко­но­ми­ја­та со ста­би­лен по­раст, факт е де­ка без оваа ве­штач­ки на­мет­на­та кри­за, по­ра­стот на еко­но­ми­ја­та ќе бе­ше по­го­лем и ќе има­ше и по­ве­ќе ин­ве­сти­ции и вра­бо­ту­ва­ња и по­ви­сок стан­дард, пла­ти и за­ра­бо­тка, што ќе го по­до­бре­ше жи­во­тот – оцени Груевски.

Имај­ќи ги пред­вид ана­ли­зи­те од ме­ре­ње­то на по­ли­тич­ко­то рас­по­ло­же­ние на јав­но­ста, ка­ко и на­та­мош­но­то вр­те­ње во круг на ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја, без да се по­ка­же ни­ка­ков ис­че­кор од стра­те­ги­ја­та што ја до­ве­де до овој без­из­лез, одр­жу­ва­ње­то из­бо­ри во след­ни­те че­ти­ри до де­сет ме­се­ци не­ма да ја про­ме­ни акту­ел­на­та со­стој­ба во ко­ја ВМРО-ДПМНЕ ја ужи­ва до­вер­ба­та од нај­го­ле­ми­от број гра­ѓа­ни. Тоа, пак, што, се­пак, ќе би­де по­и­на­кво е кол­ка­ва ќе би­де каз­на­та од гла­са­чи­те за опо­зи­ци­ја­та. Кол­ку што по­доц­на се одр­жат из­бо­ри­те, тол­ку ќе би­де по­го­ле­ма каз­на­та за нив.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 200. број на неделникот „Република“, 1.07.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top