„ГДЏ – Големиот дружељубив џин“, најновиот филм на Стивен Спилберг, од денеска игра во киното „Синеплекс“.
Филмот е возбудлива приказна за дваесетгодишната Софи од Лондон и за мистериозен џин, кој ја запознава со чуден и опасен свет на гигантите.
Филмот е заснован на популарната книга „ГДЏ“ на Роалд Дал од 1982 година, која ги одушевува читателите од сите возрасти. Книгата, за која илустрациите ги направил Квентин Блејк, претходно е адаптирана како анимиран филм за британска телевизија во 1989 година.
Има една тајна која Спилберг, сценаристката Мелиса Метисон и Дал ја знаеле отсекогаш – дека без оглед колку и да се невини, децата се способни да ја разберат темнината исто како и возрасните, а понекогаш и повеќе. Софи ја игра Руби Барнхил, а добриот џин е оскаровецот Марк Рајланс.
Психолошката драма „Распрснување“ на италијанскиот автор Лука Гвадањино, со Тилда Свинтон и Рејф Фајнс, игра во кината „Синеплекс“ и „Милениум“. „Распрснување“ е сензуален портрет на копнежот, љубомората и рокенролот, потопени во медитеранското сонце.
Во „Синеплекс“ од денес игра и акциската комедија „Тајна служба“ со Двејн Џонсон и Кевин Харт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура