„Голема радост завладеа кога на денешниот ден младиот пастир во долга бела облека ги изговори следниве зборови пред гробот Исусов: „Не бојте се! Вие Го барате распнатиот Исус Назареецот. Воскресна! Не е тука! Еве го местото, каде што Го положија.“ Христовото воскресение нѐ потсетува дека злото и страдањето во овој свет го нема последниот збор, туку радоста, животот и победата на доброто и хуманото. Колку ли негирања на нашата македонска бит, вера и идентитет ќе треба да пребродиме за конечно светот да сфати дека сите ние сме една фамилија, Негови синови, а Бог нашиот небесен Татко?“

Ова стои во честитката која Валентина Божиновска, директоракта на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи денеска му ја упати на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан по повод празникот Велигден.
– Да го третираме ближниот со почит и достоинство и преку личниот пример на истрајност и пожртвуваност да се доближиме до Христа. Силата и истрајноста Исусова на крстот ни даваат сила и храброст да истраеме во нашите голготи со цел да го искорениме страдањето и темните сили кои владеат во нашиот живот како и во целиот свет – се вели во честитката.
Божиновска го истакнува личниот придонес на г.г. Стефан и на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија како столб на нашата вера и духовен идентитет.
– Исполнувањето на Вашата благородна мисија не е нималку лесна задача, туку искушение и вистински предизвик за што и понатаму ќе ја имате нашата поддршка. Нека Ви е честит овој голем празник и Ви посакувам овие денови да ги поминете во духовен мир, радост и благосостојба – ја завршува честитиката Божиновска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


