Со оваа победа, Мите доби награда цел албум, 10-годишен договор да биде ексклузивец на „Пинк“ и патување во Барселона. Но, освен тоа, вели дека најголемата награда за него е што му се остварил сонот и што оваа победа, за него, е голем почеток.
-Посакував, ама не очекував. Но, кога стигнав меѓу последните тројца од кои требаше да се прогласи победникот, веќе не ни размислував. Не се ни надевав дека ќе победам. Ме радува што толку многу луѓе гласале за мене. Ми рекоа дека не само што сум имал гласови од цел Балкан, туку и од Австралија – вели Мите.
Тој минатата година се запиша на Музичката академија, но откако го примија на натпреварот „Ѕвездите на Пинк“, факултетот го стави во мирување. По 10 месеци пеење, ги помина сите пречки и успеа да ги победи сите. Освен талентот, Мите вели дека негова ѕвезда-водилка е амајлијата која му ја подарил татко му и која постојано ја носи со себе.
– Секогаш пред секој настап, палев свеќа во црква. Имам амајлија, татко ми за среќа ми подари икона од Богородица, која ја носам со мене каде и да сум. Ја носев и додека пеев. Ова, за мене, е голем почеток. Поради обврските, размислувам да се преселам во Белград. Жал ми е што го запоставив факултетот, ама сега ќе можам да му се посветам. Не знам како ќе најдам време, ама, во секој случај, мора да најдам за да завршам академија – вели тој.
Целиот текст прочитајте го на ВЕСТ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст