| четврток, 6 декември 2018 |

Мите сѐ уште збунет: Богородица ми помогна

„Пресреќен сум и уште сум во шок, уште не можам да си дојдам на себе и не ми се верува”, вели Мите Стоилков (21) од Скопје, кој завчеравечер победи на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Пинк“

mite stoilkov trajce georgiev

Со оваа победа, Мите доби награда цел албум, 10-годишен договор да биде ексклузивец на „Пинк“ и патување во Барселона. Но, освен тоа, вели дека најголемата награда за него е што му се остварил сонот и што оваа победа, за него, е голем почеток.

-Посакував, ама не очекував. Но, кога стигнав меѓу последните тројца од кои требаше да се прогласи победникот, веќе не ни размислував. Не се ни надевав дека ќе победам. Ме радува што толку многу луѓе гласале за мене. Ми рекоа дека не само што сум имал гласови од цел Балкан, туку и од Австралија – вели Мите.

Тој минатата година се запиша на Музичката академија, но откако го примија на натпреварот „Ѕвездите на Пинк“, факултетот го стави во мирување. По 10 месеци пеење, ги помина сите пречки и успеа да ги победи сите. Освен талентот, Мите вели дека негова ѕвезда-водилка е амајлијата која му ја подарил татко му и која постојано ја носи со себе.

– Секогаш п­ред се­кој нас­тап, па­лев све­ќа во црк­ва. Имам амај­ли­ја, тат­ко ми за сре­ќа ми по­да­ри ико­на од Бо­го­ро­ди­ца, која ја но­сам со ме­не каде и да сум. Ја но­сев и до­де­ка пе­ев. Ова, за ме­не, е го­лем по­че­ток. По­ра­ди об­врс­ки­те, раз­мис­лу­вам да се пре­се­лам во Бел­град. Жал ми е што го за­пос­та­вив фа­кул­те­тот, ама се­га ќе мо­жам да му се пос­ве­там. Не знам ка­ко ќе нај­дам вре­ме, ама, во се­кој слу­чај, мо­ра да нај­дам за да за­вр­шам ака­де­ми­ја – ве­ли тој.

Целиот текст прочитајте го на ВЕСТ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top