| четврток, 6 декември 2018 |

Зеленчук кој нутриционистите го јадат секој ден – поради него се слаби и не заболуваат од ништо

kele

Ако сакате брзо да се заситите и притоа да ја сочувате витата линија, јадете келераба, советуваат нутриционистите.

Овој исклучително нискокалоричен зеленчук изобилува со влакна, кои обезбедуваат подолго чувство на ситост и го поттикнуваат варењето, поради што особено се препорачува на лицата што сакаат да се ослободат од вишокот килограми.

Келерабата е одличен извор на витамин Ц, па со самото тоа го засилува имунитетот, го неутрализира дејството на штетени, слободни радикали и го забавува стареењето.

Благотворно влијае на кардиоваскуларниот систем бидејќи го намалува нивото на лош холестерол во крвта. Го стабилизира нивото на шеќер во крвта, па се препорачува кај хипогликемија и дијабетес.

Со редовно консумирање свежа келераба се намалува ризикот од појава на камен во бубрег, додека присутниот калиум го намалува високиот крвен пристисок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top