| четврток, 6 декември 2018 |

Реконструирани 64 моста на Коридорот 10

avtopat-gevgelija-skopje-16-demirkapija

На местото познато како Кула на автопатот Велес – Катланово денеска ќе биде одбележано завршувањето на проектот за реконструкција на мостовите на Коридорот 10.

На настанот е најавено присуство на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и на претставници на НАТО.

Проектот се реализираше во соработка со НАТО, а беа реконструирани вкупно 64 моста на Коридор 10.

Проектот се работеше во три фази. Првата фаза од Катланово до Велес и Скопје – Блаце, втората Демир Капија – Гевгелија и третата фаза од Велес до Катланово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top