Португалскиот репрезентативец Нани кариерата ќе ја продолжи во Валенсија, потврди првиот човек на Фенербахче. 29-годишниот крилен напаѓач ќе се пресели на „Местаља“ за сума од 8,5 милиони евра и со шпанскиот клуб ќе потпише тригодишен договор.
Нани минатата сезона го носеше дресот на турскиот гигант, но претседателот Азиз Јилдирим потврди дека постигнал договор со Валенсија за трансфер на Португалецот.
Интерес за Нани покажаа Евертон и Интер, но португалскиот репрезентативец одбрал кариерата да ја продолжи во Примера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Стоперот на Валенсија откри каква „сочна“ порака добил од Суарез (видео)
-
Валенсија поразена на гостувањето кај Лас Палмас, натпреварот го заврши со 9 играчи (видео)
-
Алба ја спаси Барса од пораз на „Местаља“, судијата им поништи чист гол на „каталонците“ (видео)
-
Тренерот на Валенсија се повреди додека го славеше победничкиот гол (Видео)