Премиерот на Белгија Шарл Мишел, по референдумот во Велика Британија, ги повика британски компании кои сакаат да тргуваат во Европската унија да се преместат во неговата држава по Брегзит. Тој рече дека според анкети, секоја петта британска компанија сака да се премести на друго место по резултатите од референдумот за напуштање на ЕУ.
– Белгија е пријателски настроена кон бизнисот. Има многу можности за инвестиции во Белгија. Ние сме срцето на Европа- нагласи Мишел.
Истовремено, локалните жители од холандското гратче Мастрихт ја поканија Британија и ЕУ да преговараат таму по Брегзит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.