| четврток, 6 декември 2018 |

Што добила Драгана од Митровиќ за да ја смени Цеца во „Пинкови Ѕвезди“

Ceca-zeljko--620x350

Жељко рече „Тони и јас се договоривме, а ти ако сакаш да не разичараш, немој да прифатиш“ и како да одбијам?- раскажува Драгана Мирковиќ

Како гром од ведро небо одекна информацијата дека Драгана Мирковиќ во следната сезона ќе биде член на жирито на Пинкови ѕвезди, а пејачката со смеење признава дека за се се договориле Жељко Митровиќ, сопственикот на „Пинк“ и нејзиниот сопруг Тони Бјелиќ, па таа немала друг избор освен да прифати.

4492-670x446

– И минатата година добив понуда да бидам дел од жирито, меѓутоа тогаш не можев да прифатам. Добив и приватен авион, а емисијата ќесе снима кога мене ќе ми одговара и навистина, „Пинк“ максимално ми излезе пресрет- вели Драгана за српските медиуми, каде додава дека ќе биде строг судија.

-Мене ми е многу тешко на тие млади натпреварувачи да им кажам не. Во жирито ќе бидам блага и ќе гледам да не ги повредам младите пејачи со своите одлуки. Ете, колку ми е тешко на луѓето да им кажам не- заклучува Драгана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top