| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети: Пред да се разговара за избори, партиите да се согласат дека условите се исполнети

ahmeti osce 2

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети на средбата со шефицата на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорката Нина Суомалаинен, посочи дека пред да се разговара за избори во Македонија, партиите да се согласат дека условите се исполнети

-По откажувањето на предвремените парламентарни избори на 24 април и 5 јуни, Претседателот Ахмети оцени дека земјата не треба повторно да се соочи со ваква несигурност која предизвикува институционална нестабилност, но, пред да се разговара за избори, партиите првично треба да се согласат дека условите за избори се исполнети и дека сите партии ќе учествуваат во процесот- соопштуваат од ДУИ.

Прашањето за чистење на избирачкиот список и прашањето за медиумите, според Ахмети, може да се решат ефикасно ако нема опструкции од политичките партии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top